Портпаролот на Ватикан, Грег Бурке и неговиот заменик Палома Гарсија Овехеро вчера ненадејно поднесоа оставки, кои папата Франциско ги прифати.
Бурке на својот налог на Твитер напиша дека неговиот заменик и тој поднеле оставки кои стапуваат во сила од денеска.
Paloma and I have resigned, effective Jan. 1. At this time of transition in Vatican communications, we think it’s best the Holy Father is completely free to assemble a new team.
— Greg Burke (@GregBurkeRome) December 31, 2018
– Во време на транзиција во комуникациите на Ватикан, мислиме дека е најдобро светиот отец сосема слободно да стави нов тим, напиша Бурке.
Папата го именуваше членот на ватиканската канцеларија за комуникации Алесандро Ѓисоти како времена замена.
Тој неодамна го смени долгогодишниот уредник на ватиканскиот печат и именуваше директор за сите ватикански изданија.