НАСА на својата Фејсбук страница објави анимација на менувањето на арктичкиот мраз во период од 25 години, од 1991 до 2016 година.
Мразот на Арктикот зиме се зголемува, а лете се топи. Од посебна важност за циклусот е тоа што мразот прво се губи во северните делови на Атлантски Океан, а потоа се обновува во Бофоровото Море, близу Аљаска.
Но, во поблиското минато, ледената површина сѐ помалку се обновува, а со тоа и нејзиното топење е сѐ побавно.