(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Додека Спасовски тера партиски агенди, во Македонија се лее крв по улици, домови и по угостителски објекти

Од:

Додека Оливер Спасовски си тера партиски агенди и дели партиски книшки во Куманово, во Македонија се лее крв по улици, по домови, и по угостителски објекти, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Крвавиот викенд за само 36 часа донесе три свирепи убиства. Освен ликвидацијата на човекот во Ѓорче Петров, вчера се случи и убиство во угостителски објект во Кичево и убиство во дом во Прилеп. Полицијата наместо да биде гаранција за редот и мирот, немо посматра како црнилата ги зафаќаат улиците и домовите ширум Македонија. Сето тоа е резултат на непрофесионалноста и неспособноста на првиот човек на Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Затоа довербата во полицијата е падната на 31% меѓу граѓаните, затоа корупцијата постојано зема замав, затоа рекетарите се чувствуваат заштитени, затоа убиствата станаа наше секојдневие, затоа имаме зголемување на насилството. Животот на граѓаните им се претвори во сцени од филмовите за дивиот Запад, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека општ впечаток во Македонија е дека постои коалиција меѓу криминалот и власта.

– Речиси да нема криминалец во земјата, убиец или рекетар кој не се има срдечно фотографирано со Зоран Заев или Оливер Спасовски. Затоа се осоколени во своето дивеење, бидејќи блискоста со власта прави да се чувствуваат заштитени дека ќе поминат неказнето. Тоа што криминалот царува е одраз на работењето на Оливер Спасовски. Кога сите гледаат како се прават матни и криминални зделки од врвот на МВР, кога гледаат селективност и нестручност, кога гледаат неспособност од Спасовски, логична последица на сето тоа е она што во моментов ни се случува во државата. Оливер Спасовски мора да замине за да се врати угледот на институцијата и да се врати редот и безбедноста во нашата држава. Тоа граѓаните го чекаат и очекуваат, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски