Јункер: ЕУ не се обидува да ја задржи Велика Британија

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Брисел не се обидува да ја задржи Британија во ЕУ и сака да почне да разгледува идни врски веднаш откако британскиот Парламент ќе го одобри Брегзит. Тоа ќе го направи за да се фокусира на сопственото единство пред изборите во мај.

– Се тврди дека наша цел е да ја задржиме Велика Британија во ЕУ со сите можни средства. Немаме таква намера. Се што сакаме е јасни наши идни односи, вели Јункер во интервју за Велт ам зонтаг.

Тој додаде дека ЕУ е подготвена за нов договор со Велика Британија веднаш штом Парламентот во Лондон ќе го одобри договорот за напуштање на блокот. Јункер упати повик до Лондон да се мобилизира и „потоа да ни каже што навистина сака“.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС