Јеменската Влада ја презеде контролата врз Ходеида

Од:

Јеменските шиитски бунтовници Хути денеска ја предадоа контролата на пристаништето Ходеида на морнарицата и крајбрежната стража на меѓународно признаената јеменска Влада.

Според неименувани безбедносни претставници предавањето на власта било под надзор на набљудувачите на Обединети нации во рамките на Договорот постигнат на 13 декември на мировните преговори во Шведска. Примирјето стапи во сила на 18 декември.

Граѓанската војна во Јемен почна во 2014 година кога бунтовниците го зазедоа главниот град Сана. Хутите под своја контрола го имаат северниот дел од земјата, вклучително и пристаништето на Црвено Море, Ходеида.

Од 2015 година во војната во Јемен се приклучи и арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се бори на страната на Владата.

Разговорите во Шведска доведоа и до договор за размена на илјадници заробеници на двете страни.

Со Договорот од Шведска опфатени се и провинцијата Ал Худајда, градот Ходеида и неговото пристаниште и две други пристаништа на Црвеното Море.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида