СДСМ: Измените на кривичниот законик се во согласност со Стратегијата за реформи во правосудството и нема да влијаат на застарување на предметите пред судовите

Од:

„Денешната промена на Кривичниот законик предложена од група пратеници е усогласена со верзијата која ја предложи и Владата на Република Македонија согласно Планот 18 и Стратегијата за реформи во правосудството.

Целта на донесување на овие измени е пред се, ревидирање на одредбите во неколку области, од кои како најзначајни се: криминалот од омраза, неказнувањето на жртвата од трговија со луѓе и неказнувањето дете-жртва, воведувањето ново кривично дело „Попречување на правдата“, кодифицирање на кривичното дело за заштита на сведоци содржано во Законот за заштита на сведоци во Кривичниот законик…

Главна цел е да се подигне видливоста на делата на омраза со пропишување законска дефиниција на тој поим и предвидување посебни облици на дела на омраза во Посебниот дел, што согласно начелото на легалитет ќе ги обврзува органите на гонење да ги откриваат, утврдуваат и процесуираат таквите дела.

Исто така, во рамките на политиката на генералното намалување на санкциите, е предложена и измената на висната на казната за кривичното дело од членот 275-в од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно-приватно партнерство.

Оваа измена нема да влијае на никаков начин на застарување на кој било предмет отворен од Специјалното јавно обвинителство пред надлежните судови“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он