Хазби Лика, Османи, Анѓушев си ја зголемуваат платата за 8.000 денари

Од:

До Собрание бил доставен предлог закон за покачување на платите на вицепремиерите за 8.000 денари.

Со измените на Законот плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија поднесени до Собранието, коефициентот за утврдување плата на заменик претседател на Влада ќе се пресметува со коефициент 4 наместо 3, 70.

Согласно ова, разликата во платата ќе изнесува 8.027 денари во бруто изнoс или за 5 вицепрмеиери, Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, за 12 месеци 482.620 денари.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски досега земаше најголема плата, од 92.299 денари, а со новите промени ќе зима повеќе од 100 илјади денари месечно.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од 79.150 денари, ќе добива плата од 87 илјади денари.

Во Предлог – законот за изменување на Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија се вели дека со него ќе се обезбеди терминолошко усогласување на Законот со Законот за Владата, со што ќе се создаде законска основа за пресметка на платата на вицепремиерите.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски