Македонија на 68. место на листата на Форбс на најдобри земји за бизнис

Од:

Македонија е рангирана на 68. место на листата на Форбс за водење бизнис, која е составена врз основа на 15 фактори, вклучувајќи имотни права, даноци, технологија, ниво на корупција, слобода, бирократија, големина на пазарот, квалитет на живот и работна сила.

„Од својата независност во 1991 година, Македонија постигна напредок во либерализацијата на економијата и подобрување на деловното опкружување. Нејзините ниски даночни стапки и слободни економски зони помогнаа да се привлечат странски инвестиции, но тоа е се уште на ниско ниво во однос на остатокот од Европа. Корупцијата и слабото владеење на правото остануваат значителни проблеми. Некои фирми се жалат на нетранспарентни прописи и нееднакво спроведување на законот. Македонската економија е тесно поврзана со Европа како клиент за извоз и извор на инвестиции и трпи последици како резултат на пролонгираната слабост во еврозоната“, се наведува во појаснувањето на Форбс.

Невработеноста и натаму е висока со околу 23 отсто, но можно е да е преценета поради постоењето голема сива економија, која се проценува дека изнесува меѓу 20 и 45 отсто од БДП, што не е забележано во официјалната статистика. Македонија работи на изградба на нафтовод и дистрибутивна мрежа низ целата земја. Во моментов, Македонија ги добива своите мали количини природен гас од Русија преку Бугарија, истакнува Форбс.

Во 2016 година, Македонија потпиша меморандум за разбирање со Грција за изградба на интерконектор кој би можел да се поврзе со Трансјадранскиот гасовод, кој ќе минува низ регионот кога ќе биде завршен или на ЛНГ во Грција. Македонија ја одржуваше макроекономската стабилност за време на глобалната финансиска криза преку спроведување на внимателна монетарна политика, која ја одржува домашната валута поврзана со еврото, а инфлацијата на ниско ниво.

Меѓутоа, во последните две години, внатрешната политичка криза ги намали економските перформанси, со забавување на растот на БДП во 2016 и 2017 година, и намалување на домашните приватни и јавни инвестиции. Фискалните политики беа недоволни, со непродуктивни јавни расходи, вклучително и субвенции и зголемување на пензиите, како и зголемување на гаранциите за долгот на претпријатијата во државна сопственост, а фискалните цели беа постојано пропуштени. Во 2017 година, јавниот долг се стабилизира на околу 47 отсто од БДП, сѐ уште релативно низок во споредба со соседите од Западен Балкан и остатокот од Европа, оценува Форбс.

Според поединечни критериуми, Македонија е на 12. место кога е во прашање Трговската слобода, област каде е нотиран значителен напредок. Што се однесува на Монетарната слобода е на 55. место, Иновации на 98., Технологија 69., Бирократија на 45, место, област со нотирано значително влошување, потоа Заштита на инвеститорите на шесто место, Корупција на 95. место (и во оваа област е забележано значително назадување), Лична слобода на 85. и Даноци на 31 место.

Листата на Форбс, втора година по ред, ја предводи Велика Британија, која е единствена држава меѓу првите 30 (од 161 вкупнпо рангирани) што имала најдобри резултати во 15 области кои се мерени. На второ место е Шведска, а на трето Хонг Конг.

Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Словенија на 31 место, Романија на 41., Бугарија на 46., Хрватска на 52., Србија на 56., Црна Гора на 72., Албанија на 74. и Босна и Херцеговина на 98 место.

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот

А1он

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

„Бинанс“ вложува 200 милиони долари во Форбс

А1он