ВМРО-ДПМНЕ: Единствена мерка на Шилегов против загадувањето се сведе на препораки да не се излегува од дома

Од:

„Петре Шилегов и Зоран Заев ја зацрнија државата.

Синоќа мерните станици по големите градови покажаа енормно загадување кое се одразува опасно по здравјето на граѓаните. Во Куманово мерната станица покажуваше неверојатни 214 mg/m3, во Битола 160 mg/m3, во Бутел 156 mg/m3, а додека пак во Центар 146 mg/m3.

Нивото на загаденост на воздухот неколку месеци е на константно високо ниво, а Заев и Шилегов мува не ги лази. Ветуваа чист воздух и ослободување на Скопје од загадениот воздух веднаш откако ќе ја презема власта, а две години потоа ниту Заев, ниту Шилегов не преземаат ништо за да го решат проблемот. Напротив граѓаните со месеци дишат отров наместо чист воздух.

Единствена мерка на Шилегов се сведе на препораки да не се излегува од дома, додека тој игра игри во Собранието.

СДСМ донесе црнило наместо живот. СДСМ ги труе граѓаните со лаги и манипулации.

Граѓаните се директна жртва на неспособноста и негрижата на криминалната власт. Ова не смее да продолжи. Потребни се итни мерки кои ќе го намалат задувањето. Потребно е итно и забрзано отпочнување на проектот гасификација на целата територија на државата.

Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс.

МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.

Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето.

На дело се покажа неспособноста и некадарноста на Шилегов и Заев. Граѓаните имаат право на чист воздух, а тоа е обврска за секоја власта. Доколку СДСМ, Заев и Шилегов се грижат за здравјето на граѓаните, мора веднаш да ги прифатат овие мерки.

Наместо решавање на проблемот со загадувањето, криминалниот картел на СДСМ е фокусирана на своите бизнис интереси и богатења на грбот на граѓаните.

Македонија мора и може да оди напред само доколку ова црнило наречено СДСМ и Заев си заминат час поскоро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија