Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, го истакна придонесот на Михаел Шумахер за резултатите на тимот.
-Михаел зазема големо место во мојот живот и во животот на Мерцедес. Секогаш размислуваме за него. За мене лично, тој е најистакнатиот тркач на сите времиња. Неверојатно лице. Ние во тимот навистина го цениме. Шумахер има значаен придонес во сегашниот успех на тимот, изјави Тот.
Седумкратниот шампион во Формула 1 на 29 декември 2013 година беше сериозно повреден при пад на скијање во француските Алпи.