Попладнево седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија попладнево се закажани седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство и за економски прашања.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се измените и дополнувањето на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, двата по скратена постапка во второ читање.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат по Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по измените и дополнувањата на Кривичниот законик, на Законот за платите на судиите и на Законот за судска служба, по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка во второ читање, а на Комисијата за економски прашања се измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија по скратена постапка во второ читање

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on