Доделени новогодишни пакетчиња за најмладите од Крива Паланка

Од:

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Борјанчо Мицевски и претседателаката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска, заедно со претставници од општинската администрација, ги посетија дечињата од трите објекти на градинката Детелинка, Дневниот центар за лица со посебни потреби, како и учениците сместени во ученичкиот дом Боро Менков и подарија новогодишни пакетчиња на сите дечиња од овие установи.

Со овој чин, локалната самоуправа во детските срца разбуди надеж за подобро утре во нивните домови, давајќи им до знаење дека и тие се дел од големото семејство кое се вика Општина Крива Паланка, која посебно внимание им посветува на најмалите, водејќи грижа за подобрување за нивниот развој и воспино образовен процес.

Дечињата, пак, возвратија со новогодишни песни, топли прегратки, искрени насмевки и подароци, кои ги изработиле со нивните воспитувачи.

Доделувањето на новогодишни пакетчиња за дечињата од општинските установи, веќе е традиција во општина Крива Паланка, а поддршката за Детската градинка, Дневниот центар за лицата со посебни потреби и Ученичкиот дом, ќе продолжи и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори