Новогодишна претстава на децата од градинките „Срничка“ и „Фидани“

Од:

Новогодишна приредба во рамки на проектот „Заедно празнуваме на Нова година и се радуваме“ реализиран од детските градинки „Срничка“ од општина Аеродром и „Фидани“ од Општина Чаир се одржа денеска во објектот „Бамби“.

Овој проект во текот на декември опфати шест работилници, при што беа вклучени околу 170 деца на возраст од пет и шест години и 10 учителки од двете градинки. Децата паралелно обработуваа приказни на македонски и на албански јазик, си подготвуваа новогодишни подароци, а заедно со своите родители учествуваа и во креативни работилници.

Главната идеја на проектот што се реализираше со поддршка на фондацијата „Градиме мостови“ е да се овозможи непосредна интеракција меѓу децата што припаѓаат на различни етнички заедници, во атмосфера на соработка, со цел меѓусебно запознавање, како на индивидуално ниво, така и на ниво на етнички/културни заедници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд