Откриена нова „планета од рубини“

Од:

Астрономите открија егзопланета наречена „ХД 219134 б“, која е 21 светлосна година оддалечена од Сончевиот систем и се наоѓа во соѕвездието Касиопеја.

Новата планета има сјај на рубини и сафри.

„Планетата од рубини“ е светкава планета, чија маса е петпати поголема од Земјата, а околу матичната ѕвезда кружи толку брзо што ја заобиколува за три деноноќија.

Нејзиното емитирање на црвена и сина боја е предизвикано од оксид алуминиум, кој го има многу на новооткриената планета.

Астрофизичарите од Универзитетот во Цирих и од Кембриџ работат на студија во која трагаат за нови видови егзопланети, а „ХД 218134 б“ е една од трите најдобри кандидати.

Егзопланетите настануваат од диск прашина и гасови околу протоѕвездите. На оддалеченост од центарот на таквите системи настануваат така наречените гасовити џинови, додека во близина на својата ѕвеза настануваат карпести планети.

Астрофизичарите наведуваат дека планетите во гасовита состојба не можат да имаат магнетно поле и дека станува збор за небесни тела кои се целосно нов тип „суперземја“ со егзотичен состав.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ