Адвокатите на Мијалков не ги разбирале стручните поими на Ѓорѓи Лазаревски, бараат технички советник

Од:

Адвокатот на ексшефот на УБК Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, вчера до кривичниот суд поднел барање да се одложи судењето за масовното прислушување во предметот „Таргет – Тврдина“.

„Исказите на сведокот Ѓорѓи Лазаревски на претходните две рочишта содржат стручна терминологија која одбраната со оглед на нејзината наобразба вкрстено не може да ги компромитира“, напишал адвокатот Шврговски до судот.

Адвокатот на Мијалков побара да биде ангажиран технички советник од областа на информатиката. Сашо Мијалков бил во притвор и не можел да контактира со техничкиот советник, пишува во барањето до судот.

Обвинителот Трајче Пеливанов рече дека барањето е неосновано со цел да се одолговлече постапката бидејќи предметот е во фаза на доказна постапка, а поминале две рочишта, од кои едното било на 13 декември, на кои бил испрашуван сведокот.

Обвинителката Ленче Ристоска рече дека адвокатите ги имале сите пет записници на 36 страници од испитувањето во СЈО на сведокот Ѓорѓи Лазаревски. Шврговски пак рече дека тоа не е доказ во постапката и образложи дека нема ништо да се изгуби од постапката ако се одложи едно рочиште.

Судијката Џенета Бектовиќ рече дека советот одлучил да им го прифати барањето на адвокатите на Мијалков и да го одложи рочиштето за 29 јануари 2019 година.

Во предметот „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на петтата управа во МВР Горан Грујевски, и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во Грција, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски