А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владејачкото мнозинство продолжува да ја погазува парламентарната демократија во Собранието

by А1он25/12/2018 - 20:1799
Share0

„СДСМ и владејачкото мнозинство продолжуваат да ја погазуваат парламентарната демократија и дебатата во Собранието.

Следете a1on на Instagram Instagram

Денеска во Собранието, Талат Џафери по скратена постапка поднесе два значајни закони и тоа Измени и дополнувања на кривичниот законик, како и целосно нов Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Ова е шверцерски начин на носење на два значајни закона во државата.

Имено согласно член Член 170 од Деловникот на Собранието, Предлагачот на предлогот на законот може да му предложи на Собранието да расправа по предлогот на законот по скратена постапка во случај кога:

– не е во прашање сложен и обемен закон,

Следете a1on на Youtube YouTube

– престанок на важноста на некој закон или одделни одредби од некој закон или

– не се во прашање сложени или обемни усогласувања на законот со правото на Европската унија.

Ниту еден од гореспоменатите услови не го исполнуваат овие два закони за да бидат поднесени по скратена постапка.

Да биде трагедијата уште поголема, Владата овие два закони ги достави во Собранието по редовна постапка при што Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси го помина првото читање на комисија и на пленарна седница, поради што беше и закажана за петок 28.12.2018 Комисија за политички систем со цел да се разгледа законот во второ читање за што СДСМ имаат поднесено 40-тина амандмани.

И сега владата ги повлекува овие закони и се предлагаат од страна на пратениците од власта, и тоа по скратена постапка.

Ова е доказ дека Владата и владејачкото мнозинство бегаат од дебата и транспарентност. Самиот факт што не дозволуваат во Собранието да се дебатира, значи дека кријат од јавноста и експертите ваквите закони да бидат разгледани и оценети.

СДСМ и Талат Џафери Собранието го претворија во синоним на нетранспарентност и газење на легислативата и процедурата. Досега јавноста беше сведок на кратење на дебата преку поставување на европски знамиња за акти кои тоа не треба да го имаат, за оневозможување на расправа, за оневозможување на поднесување на амандмани и редица други прекршувања.

Денешниот случај уште еднаш потврди дека Собранието од дом на народот се претвори во дом на Заев и криминалниот картел на власт кој го злоупотребуваат за носење на решенија кои ќе ги заштитат од гонење на нивните криминали и коруптивни скандали“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео