ВМРО-ДПМНЕ Велес: Зоран Заев не може да ги сокрие фактите и вистината за Киро Ќучук

Од:

„Празните реченици искажани во избрзаната и нервозна реакција на г-динот Зоран Заев неможат да ги сокријат фактите и вистината за Киро Ќучук. Факт е дека г-динот Киро Камчев кој управува со фабриката нема мнозински пакт на акции во неа. Акциите што тој ги поседува не се доволни за да се има управувачкиот пакет.

– Управувањето на Киро Камчев со фабриката е благодарение токму на поддршката на Заев. Камчев и Заеви заедно поседуваат повеќе од 50% од акциите на фабриката!

– Само така г-динот Киро Камчев опстојува долги години на директорската позиција. Факт е дека во 2008 година кога Заеви ги купија 24,8% од акциите на фабриката, состојбата со финансиското работење беше истата. Киро Ќучук беше во долгови, обврските не се сервисираа, платите на работниците, даноците и придонесите не се исплаќаа. Тие тоа го знаеја! Од тогаш Заеви заедно со Киро Камчев го имаат мнозинскиот пакет на акции.

– И од тогаш до денес немаат ниту денар вложено во фабриката ниту пак ништо сторено за да се подобри лошата состојба. Очигледно целта била поинаква. Киро Ќучук да не работи, а Еленица од Струмица да има доминантна положба на пазарот. Прашуваме: Колку се зголемени приходите и производството на Еленица со неработењето на велешки Киро Ќучук? На крајот уште еднаш го повикуваме г-динот Зоран Заев, наместо да покажува лажна грижа за работниците кои останаа на улица, истите да ги згрижи во неговата фамилијарна фирма Еленица од Струмица, онака како што ја згрижија бившата извршна директорка на Киро Ќучук.

– Во тој правец сметаме дека и г-динот Аце Коцевски ќе упати апел и ќе го замоли неговиот драг пријател г-динот Зоран Заев да ги згржи вработените кои останаа на улица или бар да им ги исплати заслужените плати кои им ги должи“, изјави Томе Јаневски, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Општина Велес.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР