Тајванската компанија „Политрон“ го претстави првиот проѕирен мобилен телефон во светот.
Уредот е целосно изработен од стакло. Видливи се само камерата и мемориската картичка.
Мобилниот има екран осетлив на допир, СИМ, СД картичка, батерија, микрофон, но најверојатно нема оперативен систем.
Компанијаат „Политрон“ експериментира со технологијата „Polyvision Privacy Glass“, супстанца која станува провидна кога низ неа минува електрична енергија.
„Политрон“ разработи и технологија за вградување на микроскопски жици во стаклото, така што, тие се речиси невидливи за човечкото око.
Компанијата планира моделот да го пушти во продажба до крајот на 2013 година.