Вучиќ: Подготвен сум да ги сослушам незадоволните граѓани, а можеме да одиме и на избори

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска порача дека е подготвен да ги сослуша незадоволните граѓани кои протестираа низ белградските улици и да подлегне на нивните притисоци, но дека нема да подлегне на притисок на „лажговците” од опозицијата.

Тој, гостувајќи на Пинк ТВ, изјави дека е подготвен да ги слуша и да го промени она што не е добро, но ако граѓаните мислат дека ова не е можно, може да се излезе и на избори.

– Подготвен сум да ги сослушам луѓето да ми кажат што е лошо и тоа да го променам и да го поправам или ако сметаат дека тоа е невозможно и ако имаат мнозинство, подготвен сум да одам на избори во кое било време. Еве јас прифаќам – еве ви избори, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека може да подлегне на притисокот на народот, но не и на политичарите, кои ги нарече „лажговци, кои глумат расплакана млада невеста и дека се против насилството”.

Вучиќ им порача на опозициските партии дека може „само да сонуваат“ дека тој ќе подлегне на нивните притисоци.

Изјавите дека специјалните сили на косовската полиција РОСА можат да одат во северно Косово без дозовола, српскиот претседател ги коментираше како „најголема лага“.

Вучиќ оцени дека е потребно многу енергија, напори и желба за да се постигне компромис со Приштина, па и да се жртвуваат сопствените кариери за да се обезбеди иднината, но не е сигурен дека косовските претставници го сакаат тоа.

Говорејќи за можностите за продолжување на дијалогот, Вучиќ истакна дека Приштина треба само да ги укине таксите и дека дијалогот ќе продолжи.

Тој додаде и дека сигналите што доаѓаат од Приштина, како што е воведувањето на таксите и изборот на Фатмир Лимај во делегацијата за разговори, укажуваат на тоа дека „не постои подготвеност да се направи компромис“.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања