ВМРО-ДПМНЕ: Власта потроши 7 милијарди буџет, а не презема ништо против загадувањето

Од:

„Македонија се гуши во смог. Нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички во текот на ноќта во градовите низ државата изнесуваше и до десет пати над дозволеното.

Заев ја зацрни државата. Ветуваше почист воздух откако ќе ја преземе власта, за две години потоа тој и неговите министри и градоначалници да спијат во собраниските клупи, играат игри на телефон, но и да даваат изјави дека не ги интересираат граѓаните.

Потрошија 7 милијарди буџет, а не преземаа ништо против загадувањето. Две години од животот на граѓаните поминаа, а власта не спроведе ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.

Наместо решенија се вадат на излитени фрази дека не е можно решение веднаш, сосема спротивно на она што го говореа од опозиција.

И додека власта не презема ништо, болниците низ државата се полнат со пациенти со срцеви и белодробни проблеми, настанати како последица на загадувањето.

Граѓаните се директна жртва на негрижата на власта. Ова не смее да продолжи потребни се итни мерки кои ќе го намалат задувањето. Потребно е итно и забрзано отпочнување на проектот гасификација ма целата територија на државата.

Граѓаните имаат право на чист воздух, а тоа е обврска за власта.

СДСМ нема веќе простор за поправање. Со секој поминат ден со оваа власт, штетите по државата се се поголеми. Токму затоа СДСМ мора да си замине. Црнилото мора да биде победено! Зората ќе изгрее за Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти