Гувернерка на мексиканска држава загина во хеликоптерска несреќа

Од:

Гувернерката на мексиканската држава Пуебла – Марта Ерика Алонсо и нејзиниот сопруг, поранешен гувернер на истата држава, Рафаел Морено, загинаа во хеликоптерска несреќа, јави ДПА..

Хеликоптерот од моделот Аудуста 109 се урна десетина минути по полетувањето, недалеку од главниот град на Пуебла. Тие планирале да отпатуваат во главниот град на Мексико. Се уште нема извештаи за причината за несреќата. Во несреќата загинале уште еден патник и двајцата пилоти.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изрази сочувство до роднините на жртвите.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори