Заев: Да не дозволиме да се вратат политиките на поделби меѓу луѓето

Од:

Нашата намера е да ги паметиме, но никогаш да не им дозволиме да се вратат на сцена политиките на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на наши и ваши. Нека останат само во сеќавања, секако, за никогаш повеќе да не се повторат. Ова го истакна премиерот Зоран Заев денеска на отворениот ден за иницијативи на граѓански организации: „Консултација за изработката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија“ што се одржа во Владата на РМ.

Толеранцијата, како што посочи премиерот, е најважниот услов за демократски односи меѓу различните социјални и општествени групи и, како што додаде, е појдовна точка за ставање крај на нетрпеливоста, на омразата, на тепачките по училиштата, на улиците или стадионите.

-Мене лично несватливо ми е како во нашата заедница и се протнаа злосторствата од омраза. Таквите појави не и доликуваат на нашата земја, на едно демократско општество и треба да направиме се тие инциденти да бидат изложени на јавност и осудени, рече Заев и додаде дека треба да направиме се за да ја запреме омразата, да им застанеме на патот на оние кои сеат омраза и да не влегуваме во тој ланец на злото.

Наместо тоа, како што истакна Заев, треба да се слушаме, зошто само ако се слушнеме ќе успееме да се разбереме.

Министерството за правда, како што рече министерката Рената Дескоска, ги изработи и пушти во собраниска процедура измените на Кривичниот законик во кои се воведуваат кривични дела од омраза.

-Кривичното дело од омраза го дефинираме како дело мотивирано со непријателски однос, пристрасност или предрасуда кон жртвата како припадник на социјална група, или кон самата социјална група изрично предвидено со закон како казнено дело, рече Дескоска.

Во дефиницијата, како што појасни, содржани се три елементи: омраза, насилство и посебен основ за дискриминација на жртвата како припадник на определена група.

-Во таа насока во различни кривични дела има квалификуван основ за построго казнување доколку одредено дело е сторено од мотив на омраза без разлика дали таа омраза е од етничка, религиозна или било каква основа, додаде министерката за правда.

Премиерот Заев посочи дека процесот на консултација за изработка на Националната стратегија за едно општество го најавува духот во кој се исцрта стратегијата и ги покани на учество претставниците на граѓанското општество да дадат свој придонес во седумте тематски кластери за нејзина подготовка. Тоа се кластер за правната рамка, за образованието, за култура, за медиумите, за локалната самоуправа, за младинските политики и за општествената кохезија и интеграција.

– Една од мисиите на стартегијата е да ја негуваме визијата на нашата земја како граѓанска држава на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите други заедници, рече Заев.

Покрај Заев и Дескоска на настанот се обрати и советникот на премиерот за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интер-културните комуникации, Рубин Земон/

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски