(ВИДЕО) Локвенец: После 6 години од „црниот понеделник“, Македонија заврте нова, светла страница

Од:

Денеска се точно шест години од црниот понеделник, кога на 24 декември 2012 година, овде, во Собранието, по налог на Никола Груевски, насилно беа исфрлени новинари и пратеници. Наместо храм на демократијата, токму демократијата беше најбрутално погазена, суспендирани беа уставот и законите. Зад затворени врати тесната група околу Груевски го раскрчми буџетот на граѓаните, рече пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

– После шест години од еден од црните датуми во поновата наша историја, денеска, со задоволство можеме да кажеме дека слободна, демократска Македонија заврте нова, светла страница. Црно време во кое се раскрчмуваше буџетот на граѓаните заврши. Заврши диктатурата и насилството што таа го носеше, меѓу граѓаните, но и овде, во Собранието. Во петокот, Собранието го усвои Буџетот за 2019 година. Како што доликува на еден храм на демократијата, Буџетот беше донесен во демократска атмосфера, преку транспарентна постапка, со прифатени 9 амандмани од опозицијата. Граѓаните денеска точно знаат за што се трошат нивните пари. Нема криминални тендери и провизии, се повеќе пари завршуваат назад, кај граѓаните, рече Локвенец.

Тој додаде дека по 11 години заробена држава, која била синоним за погазување на човековите права, Македонија денес е павна држава во која се почитуваат и унапредуваат човековите права и која цврсто се движи кон ЕУ и НАТО.

– Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на реформите кои носат економски раст, повисоки плати, социјална правда, напредок. Македонија се гради како еднакво, демократско општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски. За жал нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги продолжува истите деструктивни политики на неговиот ментор Никола Груевски. Но, колку и Мицкоски да се обидува, нема да ја врати државата назад во темното минато на насилство, криминал, изолација и неизвесност. Македонија и граѓаните чекорат кон сигурна и стабилна иднина во ЕУ и НАТО и враќање назад нема, рече Локвенец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните