Георгиевски предлог за в.д. градоначалник, советниците сакаат да се испочитува волјата на Стојаноски

Од:

Советниците на Општина Охрид од редовите на СДСМ ќе го предложат Константин Георгиевски за в.д. градоначалник на градот, велат за „Макфакс“ извори од раководството на СДСМ. Константин Георгиевски беше именуван за заменик-градоначалник од страна на покојниот Јован Стојаноски, а советниците на СДСМ сакаат да ја испочитуваат неговата волја.

За овој предлог, ќе бараат консензус од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците и Беса. Георгиевски ќе треба должноста да ја извршува се додека не се избере нов градоначалник на избори, а истовремено, тој ќе биде овластен потписник.

Вработените во Општина Охрид очекуваат нов градоначалник да добијат заедно со претседателските избори во април в година. Тие се свесни дека најмалку еден месец ќе им доцни платата и покрај напорите да ги скратат роковите.

Законот за локалната самоуправа предвидува, кога ќе го добие известувањето, Министерството за локална самоуправа во рок од 15 дена да достави известување до Владата, која во рок од 30 дена од приемот на известувањето треба да констатира дека мандатот на градоначалникот престанал и истовремено да иницира постапка за распишување нови избори.

Од денот на објавување на одлуката на Владата, Советот на Општина Охрид во рок од 30 дена треба да избере еден од членовите на Советот што ќе ја врши должноста градоначалник за периодот до изборот на нов градоначалник. Тој ќе биде овластен потписник.

Во Државната изборна комисија сè уште не се размислува дали изборите за градоначалници ќе бидат заедно со претседателските избори.

„Претседателот на Собранието треба да донесе одлука за распишување избори за градоначалник, па тогаш да почнат сите дејства“, изјавија од Државната изборна комисија за „Макфакс“.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник