Папата Бенедикт Шеснаесетти, кој денеска објави дека се повлекува од тоа место, ги промени правилата за избор на свој наследник за да обезбеди новиот папа да има што поширока поддршка.
Во рамки на воведената промена, новиот папа ќе мора да се избира со дво-третинско мнозинство гласови, но процесот би можел да опфати повеќе кругови гласање.
Во случај на смрт или абдицирање на папата, неговиот наследник го бира Колегиумот на кардинали на конклави (собирање на кардиналите) во Сикстинската капела во Ватикан.
Системот на избор се менуваше повеќепати во текот на 2.000 години постоење на папството.
Сите неодамнешни папи ги менуваа правилата на избор на своите наследници, освен Јован Павле Први, кој поради смрт на 29 септември 1978 година, бидејќи беше поглавар на Римокатоличката црква само 33 дена, немаше време да го реформира системот.