(ВИДЕО) Славева: Макрадули се уште го лаже народот со програми против загадувањето

Од:

„Скопје се гуши. Загаденоста во Скопје бележи рекорди, а Владата и ресорниот заменик министер за животна средина, Јани Макрадули се кријат, иако пред изборите ветуваа и го лажеа народот.

Токму Макрадули и денес се уште го лаже народот со програми против загадувањето, но во реалноста не се случува ништо. Нема проекти, се кратат средства и ништо не се прави со аерозагадувањето кое од ден на ден е се поголемо“, рече Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Парите се трошат ненаменски и без никаков ефект. Во последните три години, според Државниот завод за статистика, во Буџетот на Република Македонија се слеале околу половина милијарда евра од даноци поврзани со животната средина. Од тие средства Владата на СДСМ издвојува само 1,6 милиони евра за загадувањето на воздухот, а згора на тоа бара уште пари од донации.

Секогаш ред неспособност, ред лаги, ред неодговорност, ред манипулации од Владата на СДСМ.

Почитувани, еве уште еден доказ за неодговорноста и манипулациите на новата власт.

Јани Макрадули со целата своја неспособност уште ветува и формирање на Фонд за животна средина. За да биде апсурдот на неговите ветувања поголем, тој фонд којшто Макрадули го ветува постоеше во Република Македонија од 1995 година и беше прв таков фонд во регионот. Истиот тој фонд беше укинат од страна на СДСМ во 2005 година во време кога Макрадули беше пратеник.

Во Службен Весник од 5ти јули 2005 година се објавени измените според кои во дел од финансирање на активностите во областа на животната средина, во Член 220, стои: „Со денот на влегување на сила на овој Закон, Фондот за заштита и унапредување на животната средина и природата основан со Законот за заштита и унапредување на животна средина и природата престанува со работа“.

Патем, дали судбината на овој Фонд е да биде нов фонд за иновативно испумпување на народни пари во партиски џебови?

Црни лаги, црн воздух, СДСМ ја направи Македонија црна држава.

Макрадули, разбуди се! Не дреми, работи нешто за тоа те плаќаат граѓаните.

Тие не заслужуваат да се гушат од црните лаги и црниот воздух“, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје