Кучето Марли е во ординација – ќе биде под надзор на ветеринар

Од:

Кучето Марли, кое беше раскрвавено и со тешки повреди, е на ветеринар и неговата состојба се следи. Вчера здружението за заштита на животните, „Анима мунди“, кое повика за помош, објави дека повредите на Марли се исчистени и има неколку дупки во главата.

Марли наредниов период ќе остане во болнично лекување и под постојан ветеринарен надзор сè дoдека не се стабилизира. Повеќе новости за здравјето на Марли ќе соопштат утре.

Од здружението им се заблагодарија на хуманите луѓе кои му помогнаа на Марли.

„Повикавме ветеринар веднаш, однесено е веќе во ординација. Кучето беше во крвишта, вака осакатено кога дојдовме на лице место“, напишаа од „Анима мунди“. Тие апелираат дека помош во донации и натаму е неопходна.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Свирепо мачење штрк во Гевгелија, Анима Мунди бара итна инстиуционална реакција

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ