Пијан тетовец сакал на сила да си го земе автомобилот кој му бил кренат од пајак служба поради непрописно паркирање.
Вчера Б.К. (51), вработен во ЈП „Паркинзи-Тетово“ пријавил дека во кругот на ППЕ – Тетово дошло лицето Т.Б.(44) од Тетово во видно алкохолизирана состојба и го побарал неговото возило марка „поло“ со тетовски регистарски ознаки, кое претходно му било подигнато поради погрешно паркирање.
Пријавениот сакал без да плати да го земе возилото и влегол во него, го стартувал, но не успеал да тргне затоа што во предното лево тркало имало блокатор. Потоа Т.Б. излегол од возилото и физички го нападнал вработениот кој веднаш го пријавил случајот во полиција и полициски службеници излегле на местото на настанот.
При обид да го приведат напаѓачот, тој физички ги нападнал полицајците, но бил совладан и приведен. По документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.