Во Франција денеска се одржува шести по ред протест на „жолтите елеци“, поради што палатата Версај ќе биде затворена за посетители од безбедносни причини.
#YellowVest protests hit Paris for the sixth consecutive weekCourtesy: Ruptly
Posted by RT on Сабота, 22 декември 2018
Како што пренесуваат медиумите, властите се надеваат дека протестот ќе биде со послаб интензитет.
Низ цела Франција, а особено во престолнината Париз, веќе со недели се одржуваат насилни протести.
Минатата недела бројот на демонстранти изнесуваше околу 66.000, по што претседателот на Франција, Емануел Макрон направи отстапки, вклучувајќи и укинување на таксите за гориво.