Нејмар веќе го започна својот одмор, пренесе „Екип“. Бразилецот повеќе нема да игра за Пари Сен Жермен до крајот на 2018 година. Напаѓачот ќе го пропушти мечот на францускиот шампион против Нант на 22 декември вечерта.
Тренерот Томас Тухел му дозволи на Нејмар да го започне својот одмор порано, откако Бразилецот се жали на проблеми со мускулите во последниве недели.
Пари Сен-Жермен е убедлив лидер во лигата со вкупно 44 поени. Фудбалерите на ПСЖ ќе продолжат со тренинзите на 2 јануари по празниците. Дуелот помеѓу парижаните и Нант е последен за двата тима во 2018 година.
Neymar Jr’s latest hairstyle ? pic.twitter.com/Bv5OjxONKy
— Brazil Football ?? (@BrazilEdition2) December 20, 2018