Дебата за новото студентско организирање

Од:

Новото студентско организирање треба да донесе промени, но прво треба да се воспостави. Помина цел семестар откако стапи во сила новиот Закон за високо образование, со кој требаше да се формираат вистински студентски претставнички тела, но правата на студентите се заглавени во институционалните лавиринти и студентите не можат да добијат избори и свои претставници додека не се усвојат статутите на универзитетите.

Ова денеска го посочија студенти што учествуваа на тркалезната маса „Студентско (не)организирање – проблеми и решенија“ организирана од Младинскиот образовен форум (МОФ) со поддршка од DemocracyLab, Peacetech Lab и Амбасадата на САД. Учествуваа 30-ина студенти, професори и претставници од различни институции, кои дискутираа за реформирањето на студентското организирање и потребата од студентски избори.

-Собранието имаше должност да изгласа нови статути на универзитетите, како што налага новиот Закон за високо образование, за да можат студентите да се вклучат во одлучувањето. Студентите се заборавени и повторно немаат шанса да одлучуваат и да учествуваат, и доведена е во знак прашалник нивната позиција во самата академска заедница, рече Петар Барлаковски од МОФ.

За да се разбере суштината на студентското организирање, Сефер Селими, извршен директор на Demoracy Lab, како пример ги посочи протестите на студентите во Тетово овие денови. – Имаме студенти кои во неможност да ги канализираат своите барања, принудени се преку протести да ги кажат своите потреби, рече Селими.

Стефан Дојчиноски, кој членуваше во работната група што го изготви Законот за високо образование, истакна дека избрале делегратски модел за сите факултети рамноправно да учествуваат во Универзитетското студентско собрание. Според него, студентот треба да ги извојува битките првин внатре, во универзитетот.

Борјан Ефтимов, претставник на Студентската организација на Правниот факултет „Јустинијан Први“, рече дека главен проблем кој спречува неформалните организации да учествуваат е брократијата. – Мораме да ја притиснеме бирократијата и да поченеме со спроведување на Законот за високо образование, истакна Ефтимов.

Присутните професори и студенти на настанот посочија дека и онаму каде што уште има студентски претставници во телата на факултетите и универзитетите, тие се нелегални, а со тоа и сите одлуки кои овие тела ги носат. Прашаа и дали студентите биле вклучени во изработката на новите статути кои се очекува допрва да се донесат.

На дебатата беше промовирано едукативното видео „Што се факултетски и студентски собранија?“ и беше презентирана новата веб платформа www.studentskisobranija.mk за информирање на студентите за студентското организирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Веб-страницата е изработена од МОФ со цел да им помогне на студентите да се информираат за студентското организирање и да ги користат своите права. 

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки