Награди за најредовните читатели на тетовската градска библиотека

Од:

Најредовните читатели на Националната установа Градска библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово денеска добија пригодни награди во рамките на традиционалната активност за редовните читатели што во изминатите пет години ја организира управта на библиотеката. Директорката Њома Имери Исмаили посочи дка на овој начин тие сакаат да ги стимулираат читателите но и останатаите да продолжат со користењето и читањето на книги и во следната година.

-Другарувањето со книгата е незаменливо, а користењето на технологијата не оддалечува од книгите. Иако ние имаме незадоволителни просторни услови поради одличниот кадар на вработените во библиотеката успеваме на сите читатели да им излеземе во предвид. Бидејќи сега членство не е само од јануари до декември туку во било кое време може да се зачлените немаме точно утврдена бројка но сепак на годишно ниво имаме помеѓу 3.500 до 5.000 читатели, рече Имери Исмаили.

Таа посочи дека меѓу наградените има од повеќе категории почнувајќи од учениците, студентите, вработените, невработените лица се до пензионерите. Според рачната и електронската евиденција на тетовската библиотека еден од нивните најредовни читатели имал 57 посети на библиотеката при што од неа зел и прочитал 120 книги во изминатата година.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска