Исмаили: Како што гласаа за амнестија, ВМРО ќе гласаат и за реформските закони

Од:

Како што дадоа поддршка на законот за помилување, се надевам така ќе дадат поддршка и на реформските закони, рече пратеникот на ДУИ и кординатор на работната група за рефоми. Ова прашање произлезе од фактот што пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не беа дел од средбата.

За да поминат најголем дел од законите поддршка треба од 80 пратеници.

„Овие закони се хармонизораат со ЕУ и се носат со консензус, затоа пратениците треба да ги донесат“, рече Исмаили.

Тој ги наброја законите кои се дел од реформите и посочи дека со нивно носење, измени ќе има кај уште 15 други закони. Во групата на реформски закони пратениците предложиле нов закон за пратеници, со кој тие би уживале дополнителни привилегии по завршувањето на мандатот.

Исмаили не сакаше да коментира, но спорец собраниски извори пратениците ќе бараат регулирање на статус, со вработување во државна служба по истекот на мандатот. Овој предлог доаѓа на барање на осум пратеници кои се отцепија од ВМРО-ДПМНЕ и продолжија да делуваат како независни.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции