САДУ реагира на одлуката ретроактивно да се зголемат додатоците за плата на Судскиот буџетски совет и судиите

Од:

Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) при Конфедерацијата на слободни синдикати денеска реагираше на најновата одлука на Судскиот буџетски совет со која ретроактивно членовите на Советот и судиите ќе земат повисоки додатоци на плати за 35 проценти или по 21 илјада денари и за септември и за октомври.

– Минатиот месец г. Караџовски, претседател на Судскиот совет, како и на Судско-буџетскиот совет под изговор за еднократно зголемување на примањата по основ на додатоци на плата ја зголеми својата плата и на останатите во судовите, без судските службеници, за 35 проценти. Сега се гледа дека трајно решил со донесување на поеднечни одлуки да ги зголеми своите примања за 35 проценти, се вели во реакцијата.

Од Синдикатот потсетуваат дека во судовите работат и судски службеници и судска полиција кои не можат да си ги остварат своите права.

– Кога треба да се исплатат одредени побарувања за судските службеници, судската полиција и останатите вработени во судовите, тогаш сте крајно рестриктивни. Еден куп на судски спорови се водат за правата на судските службеници исто така засновани на закон, колективен договор и други прописи како што е предвидено по чл.3 од Законот за судска служба и никако неможат да си ги остварат правата со изговор дека нема пари во Судскиот буџет, истакнуваат од синдикатот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Здруженијата од правосудството, наместо да се гласни и да бараат само повисоки плати, нека почнат постапки за корумпираните колеги

Судскиот совет: Не го користете судството за дневно политичка кампања

Ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, изјави Мицкоски

Горан Наумовски

Судски совет нема да постапува за време на изборите

Судски совет на седница ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите