Зоран Караџовски остана на незаконската одлука и за себе и за членовите на Судскиот совет си ги зголеми платите за цели 35 проценти, или нивната плата ќе биде „подебела“ за 21.000 денари.
На оваа одлука не реагираа ниту новоизбраните членови на Судскиот совет, кои пред два дена дадоа свечена изјава пред Талат Џафери и се обврзаа на почитување на законите и професионализам.
УПОЗ веќе реагираше, нарекувајќи ја одлуката катастрофална и срамна и по расправата најавуваат и можност за штрајк.
А1он веќе пишуваше за овој скандал кој го прави Караџовски и предупреди дека институцијата која избира и разрешува судии кои ја делат правдата, донела незаконска одлука, грижејќи се само за двојот интерес.
Судскиот буџетски совет, донесе одлука судиите да го добијат предвиденото 35% покачување на платите предвидено како додаток на плата. Со буџетот на судската власт за 2018 година биле обезбедни средствата. Тоа го овозможуваат измените во Законот за плати на судиите од декември 2015 година, кога беше предвидено поради висок ризик, доверливост и посебни услови за работа, судиите да можат да добијат додаток на плата и до 35 проценти.
Но, ова законско решение важи само за судиите и обвинителите, но не и за членовите на Судскиот совет, а како што дознаваме Советот на Караџовски донел одлука и тие да добијат додаток од 35 проценти, или платата на секој судија и член на Судски совет ќе биде „подебела“за околу 21 илјада денари.
Одлуката на Судскиот буџетски совет за додаток на платите и на членовите на Советот е незаконска, велат правници за А1он.
Законот од крајот на 2015 година се однесуваше само на судии и обвинители, а не и на членовите на Судскиот совет или Советот на јавни обвинители. Со изборот за член на Советот, на избраните, судската функција им мирува. Во Советот не членуваат само судии, тројца членови бира Собранието а двајца претседателот на Република Македонија од редот на истакнати правници, што значи пет од 15 члена не мора да бидат судии.