Францускиот амбасадор Тимоние во посета на општина Крива Паланка

Од:

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денес имаше работна средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние и конзулот Ерик Пенже.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу општина Крива Паланка и Амбасадата на Франција во интерес на граѓаните на општината.

Градоначалникот Мицевски, ги презентираше потенцијалите, можностите за развој и инвестирање, особено во сегментот на планинскиот и зимски туризам, како и за потенцијалите во гасификацијата што општината ги нуди, а се во насока на ставање на ресурсите што општинта ги нуди во функција на развој на заедницата.

Амбасадорот Тимоние, на средбата го најави проектот за посета на автомобилски караван на Француски државјани, кој во август следната година ќе пристигне во Крива Паланка.

– На мое задоволство во вашиот град ме пресретна убав сончев ден, чист воздух и убавина.Одлична прилика е да го најавам проектот за посета на градот на 250 Пежо 205 автомобили и околу 750-800 возачи од Франција следната година, при нивното патување низ дваесет Европски земји за 23 дена. Според планот на овој проект, патувањето низ Македонија, предвиден е еднодневен престој на автомобилистите во Крива Паланка и да ја искористат можноста да се запознаат подобро со локалното население,а нивна мисија е и донирање на прибор и други нагледни срдства за училиштата во Крива Паланка. Ова е пракса која носи размена на искуства, култура и секако придонесува за развој на локалната економија, истакна амбасадорот Тимоние.

Тој рече дека доколку локалната самоуправа го одоброволи проектот, веќе во февруари 2019 претставници од службата за организација на релито, ќе остварат посета и средби за координација на заедничките активностите за време на еднодневниот престој на француските автомобилисти.

– Во комуникација со Францускиот институт запознаен сум за одличната работа и постојаната надградба на професорите по Француски јазик од вашиот град, а веднаш по моето доаѓање во земјата во 2016 година бев гостин на манифестацијата „Франкофонска вечер“ и бев воодушевен од целокупниот концепт и настанот. Со вашиот град не врзуваат и бројните иселеници кои потекнуваат од овој крај а се на привремена работа а во Франција, кои се надевам одржуваат редовни контакт со фамилиите, додаде Тимоние.

Градоначалникот Мицевски рече дека е чест, но и обврска е да се вгостат 800 посетители и локалната самоуправа ќе направи се што е во нивниот домен на дејствување да го прикаже и пружи најдоброто.

– Би сакал да истакнам дека во насока на презентација на општината, располагаме со богата култура, фолклор, манастирот е наш репрезент, но имаме археолошки локалитет „Градиште“ со 3.000 години стари артефакти, за чие целосно истражување сме ограничени со финансии. Крива Паланка располага со станица за природен гас, но нема секундарна и терциална мрежа, имаме и одличен проект за ски-центар со 34 скијачки патеки на Калин Камен, за кој доколку се изнајдат инвеститори, ќе биде добредојдено за сите нас. Геостратешката положба на општината е одлична,со близина на Софискиот и Скопскиот аеродром,тука минува коридорот 8, а и изградбата на железничката пруга, која како процедура сега се интензивира, ќе допринесе за заживување на економијата во градот и околината, рече Мицевски.

По средбата со градоначалникот Тимоние и конзулот Пенже остварија средби и со професорите по Француски јазик и литература и раководните лица на општинските основни и средни училишта, во насока на подобрување на соработката, остварување нови контакти и идни можни размени на искуства и знаења.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски