(ВИДЕО) Калеска-Ванчева: Ги намаливме нотарските и извршителски трошоци, го олеснуваме животот на граѓаните

Од:

Ги намалуваме нотарските и извршителските трошоци за граѓаните. На предлог на Владата на Република Македонија предводена од СДСМ усвоени се измените на Законот за нотаријат и на Законот за извршување. Обезбедивме значително финансиско олеснување за сите граѓани на Република Македонија, за оние кои се соочуваат со постапки пред нотари и извршители, а особено за најранливите сограѓани рече Снежана Калеска–Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата на прес-конференција.

– Законите обврзуваат на донесување на нови тарифи со кои ќе се укинат 16 тарифни ставки. Во постапките пред нотарите граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци се ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Нотарската награда ќе биде 10 отсто од главниот долг, но не повеќе од 500 денари. Со ова се остварува уште една клучна мерка од предизборната програма на СДСМ и од Програмата за работа на Владата – олеснување на животот на сите граѓани во Република Македонија, намалување на трошоците и повеќе пари кај граѓаните, рече Калеска-Ванчева.

Таа додаде дека трошоците кои граѓаните ги плаќаат мора да бидат намалени и разумни, а не енормни.

– СДСМ како одговорна партија преку парламентарното мнозинство продолжува со фер и одговорни политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на семејните буџети и подобар животен стандард за сите, рече Калеска-Ванчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ