Со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Собранието го изгласа Законот за лустрација.
Со овој закон се определуваат условите за ограничување на вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, предложен од група пратеници.
Предлогот ги подели пратениците, и Законот за разлика од првиот Закон, е донесен без консензус.
За опозицијата ова е закон за политичка пресметка со истомислениците, за власта историски ден.