Откриен најдалечниот објект во Сончевиот Систем

Од:

Научници го открија досега најоддалечениот познат објект во Сончевиот Систем, кој може да се види со денешната технологија и тој доби привремено име „Далеку“ (Farout), соопшти Центарот за мали планети при Меѓународната унија на астрономи во Париз.

Оваа мала планета се движи бавно и таа е ледена и розева. Нејзиното растојание од Сонцето е 120 до 130 пати поголемо од она на Земјата. За да направи еден круг околу нашата ѕвезда, ѝ требаат повеќе од 1.000 години.

Астрономот од Карнегиевиот институт за наука во Вашингтон, смета дека телото има пречник од 500 до 600 километри.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ