Металург ја забележа втората победа во СЕХА лигата, откако вечерва го совлада Извиѓач со 30:31 (14:16) во последниот меч за 2018-та година.
Иако одигра добро прво полувреме и водеше со плус 2, екипата на Данило Брестовац доживеа голем пад во играта во средината на вториот дел. Македонскиот клуб речиси седум минути немаше реализирано, а Извиѓач ја искористи ситуација и поведе со два погодоци предност (30:28).
Тогаш тимот од Автокоманда направи серија од 3-0 до самиот финиш и на крајот заслужено се радуваше на победата. Шпенде го постигна голот вреден победа на гостински терен од пенал, откако времето на семафорот веќе беше истечено.
Најдобри стрелци кај металурзите беа Шилегов и Шпенде со по девет голови, додека кај Извиѓач се истакна Домагој Алиловиќ со осум погодоци.
Тимот по оваа победа останува на претпоследното место во пласманот со 7 бода во регионалното натпреварување.
Следниот меч во СЕХА, Металург го игра против ППД Загреб на 2. февруари.
Фото: СЕХА лига