Димитров се сретна со романскиот министер Џорџе Чиамба

Од:

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров, денес, оствари средба со романскиот министер-делегиран за европски прашања, Џорџе Чиамба.

На средбата се разговараше за европските перспективи на Република Македонија и очекувањата од претстојното Романско претседавање со Советот на Европската Унија.

Министерот Димитров упати благодарност до министерот Чиамба за заложбата Романското претседателство да биде гласен поддржувач на политиката на приближување на Регионот кон ЕУ и изрази надеж дека во јуни 2019 година ќе споделиме заеднички успех – Романија како земја претседавач, а Македонија како земја преговарач со Унијата.

Притоа, Министерот Димитров потенцираше дека Република Македонија посветено работи на постигнување конкретни и видливи резултати во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ и брифираше за текот на спроведување на дел од клучните реформски политики на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија