До крајот на месецов пријавување за е-Персонален данок

Од:

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ги повика граѓаните кои не ја исполниле својата обврска да се регистрираат на системот е-Персонален данок бидејќи крајниот рок за пријавување истекува на 31 овој месец.

Од УЈП информираат дека покрај шалтерите во Регионалната дирекција во Скопје, отворени се и дополнителни шалтери во општините. Така, шалтери на УЈП се отворени во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров кај полициската станица и во општинската зграда во Аеродром и тие ќе работат од 8 до 18 часот до 31 декември. Шалтери се отворени и во општините Кисела Вода, Гази Баба и Чаир со работно време од 8 до 16 часот.

Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе работат од 7 до 21:30 часот, освен на 31 декември кога работното време ќе биде до 16:30 часот. Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22 и 29 декември со работно време од 8 до 14 часот.

Од УЈП информираат дека функционира и „Мобилен даночен шалтер“ којшто ги посетува оние населени места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојано даночни канцеларии. Вонредниот возен ред на овој Мобилен даночен шалтер може да се најде на линкот http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/400.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет