Во моментов на социјалната мрежа Фејсбук има 1,001,140 Македонци, а Македонија го зазема 83-тото место на светската ранг – листа.
Според истражувањето, навлегувањето на „Фејсбук“ во Македонија е 48,58 проценти што знаи дека бројот на отворени профили е близок до половина од бројот на населението.
Ова не е случај во практика бидејќи некои корисници имаат и по два или повеќе профила, а иако тоа според правилата на комапнијата не би требало да го прават, свои правили отвораат и правни лица. Од луѓето што користат интернет во Македонија дури 93,61 проценти имаат свој профил на „Фејсбук“.
Во последниве шест месеци бројот на корисици пораснал за 62,640 или за речиси три проценти од вкупниот број на населението.