Зајкова: Во време на радикален национализам, иднината и на Македонија и на Европа е во ширењето на либералната идеја

Од:

Моника Зајкова, претседателот на ЛиДеМ, на денешното седмо изборно собрание, посочи дека Либерално демократската партија изминативе години, и во периодот на опозиција, и последниве години како дел од владејачкото мнозинство, дала сериозен придонес во процесите кои значат враќање, градење и унапредување на вредностите кои се предуслов за напредна и демократска Македонија.

„Веројатно повеќето од нас овде присутните или биле многу млади или воопшто не биле родени, кога пред точно педесет години, во 1968 година енергијата на студентите во повеќе европски држави, водени од идеалите за демократија, од желбата за праведност, за рамноправност направија вистинска револуција во Европа. Македонската младина беше инспиратор на таква слична револуција која ја врати надежта кај сите нас, која не обедини во идејата за европски вредности и ни овозможи да постигнеме многу,“ рече Зајкова.

ЛиДеМ бара квалитетно образование, висок студентски стандард, унапредување на демократските стандарди, не дискриминација, почитување и промоција на родовата еднаквост, слобода на движење и отвореност за идеите и концептите на младите.

Зајкова вети дека сите во ЛиДеМ ќе се залагаат сегашноста да им припадне на младите.

„Токму од тие причини, гласот на младите во ЛиДеМ, гласот на младите во Македонија ќе биде посилен и ќе биде многу појасен. Бидејќи, во време на радикален национализам кој е се по присутен во Европа, во време на силна не толеранција кон поинаквите, иднината и на Македонија и на Европа е во ширењето на либералната идеја и идеологија. Либерализмот е онаа движечка сила што ги определува новите правци на Европа. Македонија треба да го следи тој чекор и да ги прифати принципите што ги нуди оваа идеја, а кои се темелат на еднаквост, толерантност и слобода.Ние како младина со чиста либерална идеја имаме должност на нашите млади сограѓани, на нашите пријатели, на нашата генерација да им понудиме услови за развој, перспектива, слобода, просперитет. Само на тој начин нашите браќа и сестри, нашите пријатели, колеги ќе останат тука со нас и ќе дадат свој придонес за Македонија, наместо својата иднина да ја градат во некоја друга држава. Ние младите подаваме рака и нудиме партнерски однос за заеднички да се избориме за подобро утре“, рече Зајкова.

На седмото изборно Собрание ЛДП ќе гласа за претседател и за генерален секретар на партијата.

Би можело да ве интересира

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски