„Македонија блокира“ ќе го блокира патот Охрид-Струга: Сите Макеонци имаме должност да се бориме да го одбраниме името

Од:

„Македонија Блокира“ соопшти дека вчера одржале „сенароден македонски протест“ во Прилеп заедно со здружението „Прилепски бранители“, а за денес најавија блокада на патниот правец Охрид-Струга кај Мислешево во периодот од 13 до 16 часот.

Како што известија, со овие активности „Македонија Блокира“ започнува со најавените протести и блокади надвор од Скопјее.

– „Македонија- Блокира“ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско. Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи, велат тие.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица