Мексико најавува зголемување на производството на нафта за 45 отсто

Од:

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор најави планови за спасување на националната нафтена индустрија со зголемено производство на државната компанија за 45 отсто пред 2025 година.

Обрадор додаде дека целта на компанијата Петролеос мексиканос е да го зголеми производството до 2,4 милиони барели дневно наспроти сегашните 1,65 милиони барели дневно.

– Ќе инвестираме каде што знаеме дека има нафта и каде ќе не чини поевтино да ја добиваме, изјави тој пред работници од нафтениот сектор. Претходно, тој најави планови за инвестиции од околу 3,65 милијарди долари во Петролеос мексиканос.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски