Германскиот производител на автомобили БМВ официјално го претстави моделот Серија 3 Гран Туризмо.
БМВ Серија 3 ГТ ќе дебитира на Саемот на автомобили во Женева. Станува збор за комбинација на седан со спортски и динамични гени со практичноста на туринг верзијата.
Моделот со својот лик потсетува на Серија 5 ГТ, но дизајнерите успешно „омекнале“ некои линии со што овој хечбек добива покохезивен изглед.
Основни карактеристики на дизајнот се истакнатата предна маска, прозорците без рамки и покривната линија што паѓа до крајниот дел на возилото. Серија 3 ГТ е опремен со активен спојлер на задниот дел, кој автоматски се активира при брзина поголема од 110 километри на час и се спушта при брзина под 70 километри на час.
Серија 3 ГТ доаѓа во три нивоа на опременост Спортски, Луксузен и Модерен пакет. Достапен е и М пакетот, кој доаѓа со аеродинамичен надворешен изглед, спортска суспензија и 18 инчни тркала.
Во понудата се достапни два 2,0 литарски ТвинПаур Турбо дизел мотори со 143 и 184 коњски сили и два 2,0 литарски ТвинПаур Турбо бензински агрегати со 184 и 245 коњски сили.