Либерално-демократската партија одржува изборно Собрание

Од:

Либерално – демократската партија денеска ќе го одржи седмото изборно Собрание, на кое членовите на партијата ќе гласаат за претседател и за генерален секретар на партијата.

За функцијата претседател номинирани се тројца кандидати и тоа Горан Милевски, кој досега ја извршува оваа функција, неговата колешка од Парламентот Никица Корубин, член на Извршен одбор на ЛДП ии Мирко Спирковски, член на Централен одбор на партијата.

За функцијата генерален секретар на ЛДП е кандидиран Боби Мојсоски, член на Централниот одбор на партијата.

На свечениот дел ќе се обратат претставници од Алијансата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ), од сестринските партии и од Либералната интернационала. Во овој дел свое обраќање ќе има и актуелниот претседател на ЛДП Горан Милевски.

На Собранието поканети се и претставници од сите политички партии во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он