Двојниот стрелец за Манчестер Сити на денешниот триумф против Евертон (3:1), рече дека имал желба со „хет-трик“ да го прекини голгетерскиот пост.
-Сакав да дадам и трет гол, но беше тешко. Во секој случај, среќен сум поради изданието на тимот. Победивме силен тим, одигравме квалитетно и заслужено ги освоивме бодовите, истакна Жезус.
Бразилецот се запиша во листата на стрелците по пауза од четири месеци.
-Ми се врати самодовербата, бидејќи семејството стоеше зад мене целиот овој период. Оваа сезона ќе ни биде потешко да го освоиме трофејот со оглед на силните конкуренти. Сега е многу важно што се вративме на првата позиција, истакна Жезус.