Младен Чадиковски избран за нов претседател на ЗНМ

Од:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за нов претседател со 4 годишен мандат го избра Младен Чадиковски кој доби подршка од 86 гласови, наспроти неговиот противкандидат Столе Наумов кој освои 77. Чадиковски доаѓа на местото на Насер Селмани кој на чело на здружението беше 2 мандати.

На изборот вкупно гласаа 169 редовни членови. Шест ливчиња се неважечки.

Чадиковски даде кратка изјава откако беше соопштен конечниот резултат.

„Голема благодарност за изборот кој помина без ниту една сенка. Благодарам на сите кои гласаа за мене, но и на оние кои не гласаа бидејќи покажаа вистински демократски капацитет. Останувам на постулатите, нема компромис за слободата на говорот и за професионализација на медиумите. Во наредните 4 години ќе се залагаме да постигнеме многу повеќе од сега што е постигнато“, истакна новоизбраниот претседател на ЗНМ.

Покрај претседател на ЗНМ, беа избрани и членови на Управниот и Надзорниот одбор како и членови на Советот на честа.

Во Управниот одбор на ЗНМ според бројот на гласови влегоа: Фиљана Кока, Фуркан Салију, Среќко Поповски, Аднан Ајдари, Сашка Цветковска, Мишко Иванов, Сашко Димевски, Бењамин Арифи, Слободанка Јовановска и Зоран Димитровски.

За членови на Надзорниот одбор избрани се: Мери Јордановска со 95 гласа, Адриан Керими со 71, Наташа Стојановска и Семи Мехмети со 61 и Ирена Мулачка со 60 гласа.

Во Советот на честа се избрани сите петмина номинирани кандидати: Костиќ Мира, Јакупи Семра, Зилбеари Сенад, Зекири Арбен и Лефков Горан.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје